На 16 јануари ќе се одржи 23 седница на Совететот на општина Охрид. На дневен ред ќе се најдат 39 точки, меѓу кои и неколку за преземање на локалните водоводи од селата Косел, Опеница и Речица од страна на Проаква.

На оваа седница ќе биде разгледана и предлог одлуката за усвојување иницијатива за развивање на трет локален еколошки акционен план на општина Охрид, како и мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги. Повеќе точки се однесуваат на работата на јавните претпријатија и на урбанистичката сфера.

OhridNews