Поради финансиски проблеми, вработените на МЈП „Проаква“ во наредните три месеци ќе бидат праќани на принуден одмор, а предвидени се и други мерки со цел да се разционализира и стабилизира работењето на јавното претпријатие. Долговите на „Проаква“ во моментов се проценуваат на 25. милиони денари, платите доцнат, а проблеми има и со плаќање на придонесите.

-Прекинуваме одредени работни процеси. Вработените во наредните три месеци ќе користат принуден одмор, некој еден месец, некој два, а некој по сопствена желба и три месеци. Исто така и јас ќе одам на принуден одмор, но ќе продолжам да ги извршувам обврските, солидарно, за да се подобри финансиската спостојба на Проаква, изјави директорот на струшкиот дел од јавното претпријатие, Ваит Ајро.

Рационализација ќе има на цело јавно претпријатие објаснува генералниот директор на МЈП Проаква, Златко Стракоски. Тој во телефонски разговор ни изјави дека се прават напори во наредните 6 месеци да се обезбеди неопходната финансиска стабилност, односно редовна исплата на плати и придонеси за вработените.

OhridNews