Поради сложеноста на теренот во стариот дел на градот, активностите кои беа најавени за повеќе улици во стариот дел на градот ќе се пролонгираат за неколку часа, се до завршување на истите, информира МЈП Проаква.

Поради приклучување на објект во водоводната мрежа денеска од 9 часот има прекин во водоснабдувањето на на улиците: „Цар Самоил“ , „Охридска Архиепископија“ , „Коста Абраш“, „Рашанец“ , дел од „Илинденска“ , дел од „Методи Патчев“ и дел од „Петар Чаулев“.

Првично беше најавено дека прекинот ќе трае до 14 часот, но поради проблемите на кои наишле екипите на Водовод Охрид, истиот е пролонгиран на неодредено време.

OhridNews