Пробиени се 25 проценти од трасата од новиот автопат Кичево- Охрид чија изградба предвидено е да заврши во 2018 година, формирани се косини и усеци на првите три делници од вкупно пет, а отпочнати се и подготвителни работи за пробивање на тунелот кој ќе биде во должина од 2 километри. Ова е одговорот кој го доби од надлежното министерство пратеникот Александар Николоски на поставеното пратеничко прашање од негова страна.
Интензивно се работи и на изнаоѓање на начин за изградба на автопатот и од Кичево до Гостивар, со што целосно би се изградил автопатот “Мајка Тереза” и Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца би се поврзале целосно автопатски со Скопје и преку коридор 8 со Албанија и Бугарија, а преку коридор 10 со Србија и остатоткот од Балканот.
Во врска со поставеното прашање на Николоски околу изнаоѓањето можности за изградба на автопатот и од Кичево до Гостивар, од министерството за транспорт со одговор дека финална фаза е изготвувањето на документацијата за изградба на автопатот како и за повикот за изнаоѓање концесионер. Во фебруари или март 2015 ќе биде објавен повик за изнаоѓање концесионер за изградба на автопатот кој би имал обврска да го изгради автоаптот Кичево – Гостивар, а би го добил под концесија целиот автопат од Охрид до Скопје. Доколку се пријави компанија која е заинтересирана за изградба на автопатот се очекува во текот на 2015г да се потпише договорот и отпочне работата за изградба на автопатот Кичево- Охрид.