Корисниците на „Boom tv“ од Охрид, од попладнево не можат да ја следат програмата на дигиталниот телевизиски оператор.

Како што информираат од инфо центарот на „ONE“, се работи за проблем на предавателот преку кој сигналот на дигиталната телевизија се пренесува во Охрид. Екипи на операторот работат на отстранување на проблемот, а според најавите охриѓани вечерва повторно ќе можат да ја следат програмата на „Boom tv“.

OhridNews