Наставата во основните училишта во Струга деновиве се изведува во ладни простории, без затоплување, поради немање средства за набавка на нафта, објави националната телевизија „Телма“, повикувајќи се на изјавата на Џеми Хајредини, одговорен за образование во општина Струга, дадена за МИА.

– Состојбата е ваква каква што е пред се поради големите долгови кои училиштата ги имаат кон фирмите што ги снабдуваат со нафта, но и поради намалените наменски средства што треба да и следуваат на општината од Министерството за образование. Ги преземаме сите потребни мерки кои се во наша надлежност за проблемот да биде решен, изјавил за МИА Хајредини.

Струшката локална самоуправа најави дека проблемот со затоплување на основните учИлишта ќе се решава во координација со државните институции.

OhridNews