Главоболките на менаџерот Оле гунар Солскјер се зголемија во пресрет на големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд, откако поради повреда голманот Давид де Хеа ја напушти играта на синоќешниот меч од евроквалификациите Шведска – Шпанија.

Денешните детални прегледи ќе покажат за каква повреда се работи и колку време ќе треба да паузира најдобриот фудбалер во редовите на Манчестер Јунајтед. Де Хеа има достојна замена во Серхио Ромеро, но шпанскиот чувар на мрежата влева голема доверба кога е на голот на клубот од Олд Трафорд.

„Црвените ѓаволи“, се во резултатска криза и притисокот на плеќите од Оле гунар Солскјер е се поголем. Убедлив и катастрофален пораз може да значи отказ за Норвежанецот кој дојде како спасител после заминувањето на Жозе Мурињо.

Дербито в недела на Олд Трафорд се игра в недела во 17:30 часот.

OhridNews