Повредата на холанскиот репрезентативец Робин ван Перси му создава големи проблеми на менаџерот Дејвид Мојс пред дуелот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во Капитал купот.

Ван Перси се повреди на ден пред градската пресметка со Манчестер Сити во Премиер лигата, која „црвените ѓаволи“ ја изгубија со 4-1.

Супер дербито во третата рунда од Капитал купот се игра в среда, а во составот на Ливерпул се враќа Луис Суарез, кој ја одлежа суспензијата од десет натпревари.

Мх.П.