Проблемите и недоразбирањата во Фудбалскиот клуб Лабуништа се надминати. Извршниот директор Адем Нуроски и претседателот на Управниот одбор, Сафет Демиралиески остануваат на чело од екипата.

Нуроски и Демиралиески поднесоа оставки со кои го доведоа постоењето на клубот и натпреварувањето во Втората лига под знак прашалник.

– Позитивните разговори на Нуроски и Демиралиески со луѓето кои ќе донираат финаниски средства во клубот вродија со плод и клубот продолжува онаму каде што застана. Ова нека биде една голема поука и нов почеток, бидејќи гордоста на Лабуништа не заслужува да плива во немирни води. – стои во сооштението од ФК Лабуништа.

Дебитанската полусезона во второлигашкото друштво Лабуништа ја заврши на шестата позиција со 19 бодови и со голема доза на сигурен опстанок.

OhridNews