Од невладината организација „Езерка“ посочуваат дека за реализација на овој проект, соработуваат со државните институции, особено со Владата на Република Македонија.
– Секоја година повеќе од 700.000 илјади жени се жртви на трговците со луѓе. Застрашувачка е состојбата и во нашата земја. Ако Македонија некогаш беше транзит-земја низ која поминуваа жртвите на трговија со луѓе, сега Македонија е земја на потекло, посочуваат од НВО „Езерка“.
Во тек е изготвување локален акциски план кој ќе содржи приоритетни области, детектирани на локално ниво.