Објектот во кој е сместена општинската организација на СДСМ по пат на денационализација вратена им е на некогашните сопственици кои ја продале куќата на позната градежна компанија од Охрид. 

OhridNews неофицијално дознава дека вчера е извршено примопредавање на објектот во присуство на претставник на партијата, правен застапник на новите сопственици и претставници на надлежните институции.


Тоа значи дека општинската СДСМ наскоро ќе треба да најде нови простории во кои ќе ги обавува своите тековни активности. Претседателот на ОО на СДСМ Науме Јованоски за OhridNews ја потвдри информацијата дека куќата им е вратена на некогашните сопственици, но изјави дека досега немаат добиено информација дека ќе треба да се селат од објектот.

Додека не добиеме официјална информација дека треба да се селиме, остануваме во истите простории, вели Јованоски.

OhridNews