Вкупниот број на издадени акции на „Еуро хотел“ Струга изнесува 101 акција, од кои што вчера се продадоа 27 акции по цена од 39.975,00 за една акција.
Вкупниот остварен промет со продажбата на 27 акции изнесува 1.079.325 денари, кои беа остварени со една трансакција.
„Еуро Хотел“ е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е оддалечен само 3 километри од Струга и 11 километри од Охрид.
извор: Makfaks