Продавачите во автосалони во Македонија најснаодливи, најлоши во супермаркетите
25.05.12 15:51
Евидентен пад на квалитетот на услугите кои што се нуди на продажните места ширум Македонија, забележан е во споредба со минатата година, при што најлоши услуги се нудат во супермаркетите, а најдобри во автосалоните.
Ова, како што пренесува „Макфакс“, е заклучокот од истражување за основните елементи за квалитет на услуга што во временскиот период од 23 април до 12 мај го спроведе SWOT Research во соработка со агенциите за тајно купување од државите од регионот.
Македонија се наоѓа на четвртото место и има драстичен пад на резултатите во споредба со претходната година, кога беше на високо второ место.
Во најновото истражување, Хрватска изби на прво место, пред Словенија, Србија сега е трета, додека црна Гора падна на последното место, зад Босна и Херцеговина.
Тајните купувачи од наведените шест земји, спроведоа 800 тајни посети во различни дејности – автосалони, туристичко-угостителски објекти, банки, малопродажба, продажните места на телефонските оператори, бензински пумпи, супермаркети и услужни дејности.
При посетите тајните купувачи обрнуваа внимание на пет основни елементи за добра услуга: поздрав, утврдување на потребите/желбите на купувачите, претставување на производот, нудење на дополнителен производ и заблагодарување за посетата; според акронимот од англискиот збор GUEST (гостин) за Greet, Understand, Explain, Suggest, Thank.
„Најдобри резултати во Македонија забележуваме кај автосалоните, додека супермаркетите стандардно се најлоши. Туризмот и угостителството се на второ место, после нив се телекомуникациите, па услужните дејности, малопродажбата, бензинските пумпи и на претпоследно место се банките“, се вели во истражувањето.
Најмногу поздравуваат Хрватите (86,87%), а најмалку Црногорците (58%). Во Србија се најдобри за утврдување на потребите на купувачите (73,60%), додека Хрватите во таа категорија се најлоши (68,09%). Во Србија исто така вработените најдобро го познаваат производот којшто го продаваат (97,37%), што не може да се каже за Црногорците кои во оваа категорија остварија најлош резултат (86%).
Најмногу дополнителен производ се нуди во Словенија (55,32%), а најмалку во Македонија (30,53 %). Во заблагодарување на купувачите најдобри се Хрватите (81,08%), а најлоши повторно Македонците (49,00%).
Две возила вечерва се судрија на автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на Охридскиот аеродром Несреќата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој истакна дека повеќе лица се ...
Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј По тој повод Македонската православна црква – Охридска А...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.