СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во февруари 2014 година, од страна на полициски службеници е забележано лице кое излегло од домот на пријавениот, при што кај него биле пронајдени 0,18 грама наркотична дрога хероин, која била купена од пријавениот за сума од 500 денари.

Истиот ден е извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 0,06 грама хероин.

OhridNews