ПС Струга поднесе кривична пријава против Љ.Н.(37) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 17.04.2009 година, во 02,30 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на „Мороишки Мост“, при  извршен претрес во ПМВ „шевролет спарк“, управувано од пријавениот  е пронајдено 0,6 грама наркотична дрога-хероин, што претходно ја купил од непознато лице од с.Велешта.

За истото дело ПС Струга поднесе кривична пријава  и против В.Б.(31) од  Гевгелија.На 16.05.2009 година, во 01,30 часот,  во Струга  при контрола во ПМВ „шевролет авео“, управувано од пријавениот, се пронајдени 17 семки од растението „канабис сатива“ и остатоци од мешавина од тутун и марихуана, сопшти полицијата.

извор: МВР

Ohridnews