По слободниот ден, денес продолжува програмата на третиот сезонски грен слем, Вимблдон. Денес во Лондон ќе се одиграат 12 мечеви од осминафиналната фаза.


Програмата на Централниот терен од 14 часот ќе ја отворат домашната надеж Енди Мари и Ришар Гаске, потоа следуваат мечевите Венус Вилијамс-Цветана Пиронкова и Рафаел Надал-Хуан Мартин Дел Потро.

Во 14 часот стартува програмата и на Теренот број 1, први на теренот ќе излезат Марион Бартоли и Серена Вилијамс, а пота ќе следуваат мечевите Микаел Љодра-Новак Ѓоковиќ и Михаел Јужњи-Рожер Федерер.


На Терените број 2 и број 3 утре програмата стартува во 13 часот, на Теренот број 2 се закажани мечевите Шуаи Пенг-Марија Шарапова, Каролина Вознијаки-Доминика Цибулкова и Марди Фиш-Томаш Бердих. Три меча се во планот и Теренот број 3: Наѓа Петрова-Викторија Азаренка, Лукаш Кубот-Фелисијано Лопез и Давид Ферер-Жо-Вилфред Цонга.

Извор “Макфакс“
Ohridnews