Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од продолжението на четвртата седница ги донесе измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците.

 

Со оваа одлука всушност се одблокира работата на општините кои беа во своевиден вакум откако на 15 им истече мандатот на градоначалниците и советите.

OhridNews