Согласно одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата, усвоени од Владата, за време на викендите, сабота и недела, забраната за движење за сите граѓани се продолжува за неколку часа и ќе биде на сила од 16 до 05 часот следното утро.

Во работните денови останува досега важечката мерка, согласно која забрането е движење на сите лица од 21 до 05 часот. Дополнително на пензионетите им се забранува движење од 11 до 05, а за лицата помлади од 18 забраната важи од 21 до 12 часот.

Во градот Куманово, пак, воведен е 56-часовен полициски час за време на целиот викенд, а во текот на работната недела во овој град забраната за движење ќе се однесува во периодот од 16 до 05 часот.

OhridNews