Притворот на Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ за Центар му е продолжен за уште 30 дена, јавува „Макфакс“.

Вакво решение донесе Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Шиповиќ пред точно еден месец беше екстрадиран од Австрија во Македонија, кога автоматски почна да му се пресметува времето кога му беше изречена мерката притвор, додека беше отсутен од државата.

За ослободување на Шиповиќ од притвор беше понуден стан во вредност од 70.000 евра како гаранција, а претходно и лидерите на опозицијата изразија подготвеност доколку се укаже потреба, да ги понудат своите домови во замена за негово ослободување

Претседавачот на Советот на Општина Центар и уште други 11 лица, од Скопје и Штип, се товарат за злоупотреби во работењето, односно дека со продажба на стари делови било избегнато плаќање данок во висина од 17 милиони денари, а дека „Машинопромет“ бил оштетен за милион евра.

OhridNews
извор:„Макфакс“