
Со измените на овој Закон опфатени се објектите изградени пред 14 Февруари 2011 година на земјоделско земјиште и тоа:Оранжерии за производство на производи од растително потекло, вклучително и простории за сместување на опрема за одржување во заштитен простор;Помошни објекти – градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, чување на земјоделска механизација и опрема, храна за животни и за времено сместување на земјоделски производи;Објекти за примарна обработка на земјоделски производи-градби за одгледување на добиток и риби, за сместување на опрема за оджување на квалитетот на водата и животната средина, за преработка на примарни сточарски производи и риби, за складирање, чување и пакување на примарни земјоделски производи, за производство на вино, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија и кланички капацитет.
Барањата се поднесуваат до Општина Охрид заклучно со 31.07.2014 година. Заинтересираните лица да се обратат до Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството при Секторот ТЛЕР.
OhridNews











