
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, со донесувањето на новиот Закон за домување ќе се овозможи целосно уредување на односите во областа на домувањето, се со цел прецизно регулирање на правата и обврските на сопствениците на становите во станбените згради; обврските во однос на одржувањето на заедничките делови и простории во станбените згради и обврските на државните органи и органите на општините во домувањето.











