Рокот за поднесување на документи, за остварување на социјалната заштита на граѓаните од средствата на буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици, е продолжен до 18 јануари 2017 година. Сите граѓани кои до сега не поднеле барање, тоа можат да го направат во наредните седум дена.

Субвенционирањето на трошоците за комуналните услуги, се однесува за периодот од 01.01.2017 година, заклучно со 31.12.2017 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 600,оо денари месечно, за секој корисник на субвенцијата.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од Буџетот на Општина Охри, имаат лицата со статус на: Корисник на социјална помош или Корисник на постојана парична помош или Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен. Првао имаат и лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест.