По барање на земјоделците, Владата на последната седница одлучи да го продолжи рокот за легализација на тракторите и тракторските приколки и рокот за поднесување на барања за регистрација за истите.
Рокот за поднесување на барање за легализација на земјоделската механизација започнува да важи од денес во 31. декември годинава. Истото се доставува до судот кој ја опфаќа територијата на која живее лицето кое го поднесува барањето. Кон самото барање се доставува изјава заверена на нотар дека средството е стекнато на совесен начин, како и идентификациски број на самото средство.
Согласно процедурата, сопствениците на трактор или тракторска приколка треба да поднесат барање на регистрација до овластените технички служби каде ќе се врши хомологација. По издадената согласност за регистрација, заедно со доказот за сопственост, лицето кое поседува земјоделска механизација го поднесува барањето на регистрација до МВР, најдоцна до крајот на јуни идната година.
Досега поднесени се над 25.000 барања за легалзација и над 15.000 барања за регистрација на трактори и тракторки приколки.
OhridNews