Општина Охрид во својот делокруг на работа а во врска со спроведување на Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година под точка 1.3. Промоција на можностите за инвестирање во општина Охрид има за цел подготовка и промоција на брошура „Инвестирајте во Охрид“ .

Оваа активност, велат од Општината, предвидува изработка на брошура за промоција на мерките кои се насочени кон поддршка на економијата, чија основна цел е стимулирање на инвестиции, технолошки развој и зголемување на конкурентноста на македонските компании, но и промоција на поволностите кои се на располагање привлекување странски инвестиции и поддршка на извозот.

Локациите кои се пријавуваат можат да бидат “Greenfield” и “Brownfield” што значи дека локациите може да бидат веќе постоечки капациети и градби или можат да бидат неизградена површина поволнна за отпочнување на градба или развивање на бизнис. Целта на пријавувањето може да биде продажба или изнајмување на локацијата на одредено време. Можат да се пријавуваат лица и компании кои имаат сопственост на истата и може да бидат во градска или рурална области, потенцираат од Општина Охрид.

Пријавувањето на локација треба да се изврши преку образец за пријавување кој може да се спушти од веб страницата на општина Охрид и истиот треба да се поднесе во плик преку општинската архива на адреса најдоцна до 30.06.2023 година. Повеќе информации на линкот.

OhridNews