Продолжува целосната забрана за движење во шуми и шумски појаси на целата територија на Македонија, и тоа од 3- ти до 10- ти септември.
– Законот за шуми предвидува казна за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната, и таа се движи од две до три илјади евра – , информираат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ваквата одлука беше донесена поради превенирање од пожари, поради топлотниот бран кој ја зафати земјава. Министерството за внатрешни работи, граничната и шумската полиција и во следните 10 дена ќе вршат 24-часовна контрола и легитимирање на секое лице затекнато во шума.
Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15.000 до 20.000 евра.
Додека казните за палењето на стрништа и плевели се движи од шест до осум илјади евра за правни лица и до три илјади евра за физички лица. Освен казните, од МЗШВ велат дека за прекршок, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com