На почетокот на седницата што се одржа на 27 јули, советниците го усвоија извештајот за остварување на буџетот за периодот од 1- ви јануари до 30 јуни 2012, како и извештајот за работењето на Одделението за даноци за првата половина од годината.
Седницата беше прекината по расправата за третата точка на дневен ред, околу Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01. до 30.06. 2012 година.












