Променливо облачно време, со врнежи од дожд и грмежи- ова е временската прогноза за наредните четири дена. Дневната температура ќе се движи од 14 до 18 целзиусови степени. Ова секако не ги радува сите оние кои планираа слободните денови да ги искористат и допатуваат во Охрид, како и оние граѓани кои планираа  прошетки во природа.

Подобрување на времето и сонце се очекува дури по завршувањето на продолжениот викенд, односно од среда, кога ќе следи зголемување на дневната температура и до 25 степени.    

OhridNews