Членовите на ловното друштво „Охрид“ од Охрид  со над триесетина ловџии деновиве организираа две хајки,  една на ловниот терен „Блато“ во атарот на селата  Долно Лакочерај, Орман и населбата Радојца Новичиќ, и втора на  ловниот терен „Умалиште“ во атарот на селата Ливоишта, Вапила и црквата Св. Спас во селото горно Лакочерај.


Хајката е организирана по препорака на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ,  пред завршување на ловната сезона  ловните терени да се исчистат од  штетен дивеч. Отстрелани се три лисици кои ќе бидат доставени до Ветеринарен институт за да се утврди здравствената состојба на дивечот во охридско.

Наредните викенди ќе се организираат уште неколку хајки за лов на штетен дивеч.

OhridNews