Екипи на Ј.П.”Охридски Комуналец” денеска ги сечеа преостанатите липи од ул. „Димитар Влахов”, на потегот од Општина Охрид до пресекот со улицата “Македонски Просветители”.


Според најавите, по отстранување на корените од липите, ќе започне реконструкција на дрворедот со нови садници од видот „Лигиструм“.


На улицата „Димитар Влахов“ имаше 53 садници липа, на чие место ќе бидат засадени 80 нови дрвја, информираат од Локалната самоуправа.

OhridNews