Вевчанскиот кармневал ќе започне денеска попладне со традиционалното дефиле под маски.

Манифестацијата се очекува оваа година да ја проследат неколку илјади гости од земјава и светот, меѓу кои и актуелни политилчари кои се вечна инспирација на вевчанските василичари.

Синоќа во Вевчани беше отворен импровизиран саем за туризам, а атмосферата ја загреаа естрадните уметници од земјава и екс југословенската музичка ѕвезда Момчило Бајагиќ Бајага.

Гости на Вевчанскиот карневал годинава ќе бидат претставници на Лесковачкиот и Ријечкиот карневал, а се очекува настанот да го проследат голем број новинарски екипи од земјава и странство.

OhridNews