Согласно годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид и акциониот план за санација на улиците, продолжува асфалтирањето на дел од улиците низ градот.
Во изминатите неколку дена целосно се реконструирани,тампонирани и асфалтирани вкупно четири краци на три охридски улици. Асфалтирани се делови од улицата “Јане Сандански“и „Ванчо Питошески“, како и на улица „Ѓорѓи Сугарев“.
Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици известуваат дека согласно однапред утврдена динамика и во рамки на годишниот план за работа усвоен од Советот на Општина Охрид ќе продолжи редовното одржување,санирање и асфалтирање на улиците на територијата на Општина Охрид, а со зголемено темпо по завршувањето на летната сезона.
OhridNews