Продолжуваат активностите на Ј.П. „Охридски Комуналец” за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Од претпријатието информираат дека денес и вчера од раните утрински часови вработените на претпријатието биле ангажирани на ставање сол и песок на тротоарите, со цел побезбедно движење на пешаците. Со активностите биле опфатени улиците: Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми ноември, Гоце Делчев, дел од бул. Туристичка и во стариот дел од градот.

Дел од екипите се ангажирани за рачно  чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење на казми и лопати. Активностите продолжуваат и во наредните денови.

OhridNews