Денес во Охрид и Струга продолжи дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ со кој МОН втора година по ред го унапредува средното стручното образование и ги креира уписните политики.
Со компаниите, општините и училиштата дискутираме за утврдување на потребите на одредени стручни кадри во овој регион и воведуваме струки и профили во средните училишта кои заедно со низа мерки и стимулации како воведување на стипендии, гарантирано работно место по завршување на образованието, би ги привлекле младите да се запишат во стручното образование и да се образоваат, рече министерот Јетон Шаќири на денешната средба во Охрид со претставници на компании и образовните институции.
Ме радува фактот што и овде во Општина Охрид, како и во другите општини има голема посетеност на овие настани што значи дека и интересот кај бизнис секторот да учествува на овие настани на образовниот процес во средните стручни училишта постојано се зголемува. Заедничкиот пристап гарантира успех и постигнување на целта. На овој начин се намалува невработеноста, со тоа што општествениот интерес е вревен приоритет на државата. И оваа година МОН продолжи со анкетите кои се реализирани во компаниите. Дури 90% од компаниите одговориле позитивно на иницијативата што е почната од МОН. Имаме конкретни работи во Општина Охрид што се резулатат на тоа дека овој проект се спроведува успешно, потенцираше министерот Шаќири.
Овој настан е поврзан со унапредување на средното образование, процес во којшто Општина Охрид е влезена во последниве четири години преку дуалното образование во средното училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, од годинава тоа се случува и во средното училиште „Ванчо Питошески“, а од наредната година ќе го спроведуваме и во училиштето „Св. Кирил и Медодиј“, рече градоначалникот Кирил Пецаков.
Дуалното образование ќе донесе пред се квалитет во самата настава, а секако ке продуцира и готови кадри за сите приватни компании. Таков е примерот со училиштето ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ каде што компаниите првично „ЛТХ Леарница“, „Костал“ и секако во поново време „Магна“, се оние кои учествуваат во тоа учениците преку практична настава да стекнат искуство и тие да имаат готов кадар. Ние како Општина врз основа на она што веќе го добивме во декември или е проект заедно со Европската Унија и претставува почетокот на Старт ап систем, којшто сега со уште еден проект Иновативен хаб ќе го надградиме тој Старт ап систем и ќе имаме содржини кои се потребни за оние луѓе кои сакаат да работат во овие компании да бидат спремни точно, прецизирано за работи и линии коишто тие ги имаат во самото производство, рече Пецаков.
Исто така, додаде Пецаков, реализиран бил и состанок околу овој Иновативен хаб, каде биле дефинирани целите и токму преку овој проект ќе се набави опрема потребна за подготовка на овие ученици да бидат готов кадар, потенцирајќи дека дуалното образование дава добар резулатат, а како Општина се подготвени да го поддржат сето ова и да го унапредат.
Наташа Јаневска од Стопанска комора на Северна Македонија се надева дека со оваа кампања веќе ќе се разбие стигмата којашто постои дека 80% се долгорочно невработени лица во нашата земја токму затоа што нема доволно стручен кадар и не ги поседуваат вештините кои им се потребни на компаниите.
Тоа што оваа година по вторпат се одвива оваа кампања ни покажува дека образованието и стопанството не се веќе два различни процеси туку еден процес во кој меѓусебно се надополнуваат. Меѓутоа најголема поддршка во целиот овој процес дава и Стопанската комора со тоа што самите компании ни сугерираа врз основа на анализите што ги правиме дека 65% од имаат недостаток на стручен кадар. Токму овој дијалог покажува дека кај самите компании веќе се развива свеста работејќи со Стопанската комора дека мора да учествуваат во образовниот процес и самите да го обликуваат свјот кадар според сопствените работни процеси, според механизацијата, алатите и опремата која што ја поседуваат. Со оваа кампања овозможивме да се модернизираат наставните програми и образовните програми според потребите на компаниите коишто се на локалано ниво, членки на Стопанската комора, а кои учествуваа во дизајнирање на 85 образовни програми по кој што учат сега учениците и во оваа и во наредните години ќе учат, рече Јаневска.
Преку Коморскиот инвестициски форум обезбедивме грант од 3,5 милиони евра каде што на стручни училишта кои имаат меморандум за соработка со две или повеќе компании им се овозможи грант од 100 до 600 илјади евра за набавка на машини, опрема, да ги реновираат своите работилници или лаборатории каде се одвива практичната настава, додаде Јаневска.
Многу е значајно што не само што врши вмрежување Стопанската комора во целиот тој процес помеѓу училиштата, учествува и во сертифицирање на менторите, тоа значи дека вработените кои се во самата компанија одат на тридневна обука кадешто се обучуваат ги подготвуваат учениците за да можат да ја реализираат практичната обука и ја верификуваат компанијата за да можат да ја вршат и реализираат практичната обука, веели Јаневска,
Досега имаме како Комора сертифицирани околу 500 ментори на ниво на нашата земја и околу над 40 компании, но процесот на компании за верификација сеуште расте, потенцираше Јаневска.
Н.С.Ј.
















