Здружението Јадрански Слив и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците  за рибниот фонд во Охридското Езеро,како и едукација за еколошката свест  и заштита.

Утре, среда, со почеток во 12.30 часот ќе се одржи предавање во ОУ „Братство и единство“ .

Во рамки на првата фаза од проектот, предвидено е да се  реализираат низа предавања во девет основни, три средни училишта во Охрид и едно основно училиште во Струга, каде од септември со проектот ќе бидат опфатени и останатите училишта.