Собраниската конститутивна седница продолжува и денеска. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вчера, во рамки на 15 продолжение на седницата,  преку реплики и контрареплики повторно побараа од СДСМ да се откаже од платформата од Тирана, како и да се организираат избори за излез од постојната криза.

Од СДСМ и коалицијата, се воздржаа од реплики и процедурални забелешки.