Денеска и утре, со осминафиналните натпревари ќе продолжат фудбалски возбудувања во Лигата на Европа. Денешните четири мечеви ќе означат рестарт на прекинатата сезона поради пандемијата на коронавирусот.

Системот на играње во Лигата на Европа е променат и нема да се игра како порано, дома-гости, туку по само еден натпревар вклучувајќи го и финалето. Екипите кои одиграа по еден натпревар во 1/8 финалето ќе играат реванш на своите стадиони, додека екипите кои не одиграа меч во 1/8 финалето ќе играат еден натпревар на неутрален терен.

Таков е случајот во дуелот Интер – Гетафе. Двете екипи ќе се сретне на „Велтинс Арената“. Победникот ќе обезбеди пласман на завршниот турнир кој ќе се одигра во Германија.На преостанатите три двојки вечерашните натпревари ќе бидат реванши бидејќи ги одиграа првите мечеви од 1/8 финалето.

Двојки:

18:55 часот: Копенхаген – Башекшехир (0-1)

18:55 часот: Шахтјор Доњецк – Волфзбург (2-1)

21 часот: Интер – Гетафе

21 часот: Мен Ју – Ласк (5-0)

OhridNews