Манифестација „Денови на маркетинг“, што ја организира „Инфо биро“, во Инфо-фитнес центарот во Охрид, денеска продолжува со презентација на компанијата „Витаминка“.

Посетителите на спортскиот центар и заинтересираните граѓани имаат можност да ги вкусат производите на „Витаминка“ и да се информираат за оваа реномирана компанија.

Организаторите најавуваат одржување на слични промотивни активности во Инфо фитнес центарот и во иднина.

OhridNews