Интер дома, Милан на гости забележаа нови порази во италијанската серија А. Проклетството на “Сан Сиро“ сезонава го стигна и Интер кој пред свои гледачи загуби со 2-0 од Сиена. Вергасола и Валиани беа стрелци на головите во вториот дел.

Милан својата немоќ ја демонстираше на “Фриули“, каде претрпе пораз од 2-1 од домаќинот Удинезе. На спроти поразот “росонерите“ заработија и два црвени картони. Мечот пред време заврши за Запата и Боатенг. Творец на победата за “црно-белите“ беше Ди Натале од пенал.