Продолжува мртвата трка во Шпанската Примиер, меѓу кралскиот Реал Мадрид и каталонската Барселона. 


Барселона која се наоѓа во серија од  12 победи во низа, во два наврати го испушти целиот плен на домашен терен, додека на гости е перфектна девет од девет. Херкулес се радуваше на цел плен, додека непорзани од Ноу Камп си заминаа фудбалерите на Мајорка. Се’ освен убедлив пораз за Малага би било сатисфакција.


Избраниците на Жозе Мурињо, предводени од гол машината Кристијано Роналдо гостуваат кај Алмерија, која годинава најтешкиот пораз 8-0 го доживеа од лидерот на табелата Барселона. И “кралевите“ се во одлична форма, а нивниот најдобар играч Роналдо на 19 меча постигна 23 гола. Покрај Барселона која го торпедираше Реал, Мајорка и Леванте успеаа да ги запрат кралевите во походот кон титулата.

Двојки : Виљареал – Осасуна, Гетафе – Сосиедад, Сарагоса – Леванте, Хихон – Херкулес, Билбао – Расинг, Севиља – Еспањол, Валенсија – Депортиво, Алмерија – Реал М, Барселона – Малага, Атлетико М – Мајорка.

Табела : Барселона 49 , Реал М. 47, Виљареал 36, Валенсија 34,  . . .

Ohridnews