Најцрното сценарио не се оствари со повредата на Кирил Лазаров, но неизвесноста дали ќе биде подготвен за преостанатите мечеви на Македонија во главната фаза од ЕП продолжува.
Капитенот на Македонија заедно со највисоките луѓе на РФМ беа во Загреб и направија детални прегледи околу тежината на повредата. Место за оптимизам има, а нашиот најдобар играч побара трпение.
– Ќе останам во Загреб каде ќе направам дополнителни прегледи по кои се надевам дека ќе се знае повеќе околу мојата повреда. – изјави Лазаров.
„Црвено жолтите“ го загубија мечот со Шпанија со убедливи 31-20, а шанса за полуфиналето се уште постојат, но мора да се добијат натпреварите со Чешка и Данска.
ЕП: Доскокот на десната нога фатален за Лазаров (видео)
OhridNews