Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман на завршниот Мастерс турнир во сезоната кој се игра во Лондон. Српскиот тенисер во вториот меч, во Б групата, го победи Хуан Мартин дел Потро со 2-1 (6-3, 3-6, 6-3).


Ѓоковиќ се наоѓа во серија од 19 победи на АТП турнирите, а против Делпо ја забележа 11-та победа во нивниот 14-ти меѓусебен дуел.

Во последното коло, во Б групата, Ѓоковиќ ќе игра против Ришар Гаске, кој ги загуби шансите за пласман во полуфиналето, додека Делпо и Роџер Федерер во меѓусебен дуел ќе решат кој ќе ги продолжи натпреварите.

Претходно, на Мастерсот во Лондон, пласман во полуфиналето избори и светскиот рекет број 1, Рафаел Надал.

„Макфакс“