Продолжува поддршката од локалната самоуправа во Охрид за охридскиот атлетичар Јован Стојоски од АК „Охрид“. Ова беше соопштено по средбата на Стојоски со градончалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.
Поддршката што Локалната самоуправа му ја дава ќе продолжи и во иднина, се со цел за постигнување на уште поголеми резултати. Стојоски до сега има освоено десетина медали на престижни натпреварувања и митинзи. На средбата разговаравме за неговите успеси, учеството на Олимписките игри во Токио и за претстојните натпревари, информира градоначалникот Пецаков.

OhridNews












