Во текот на официјалната посета на Сафранболу , охридската делегација имаше средби со градоначалникот Д- р Неждет Аксој и неговите соработници на кои се разговараше за рализација на заеднички проекти, информираат од Локалната самоуправа, во чие име делегацијата упатила покана до градоначалникот и гувернерот на Општина Сафранболу да го посетат Охрид.
Со претставници на Општина Јалова се разговарало за соработка, како и за настапот на Охрид на фестивалот кој се одржува во овој турски град во летниот период.