Припадници на специјалната полициска единица „Тигри“  трагаат по Димче Богданоски (45) од Битола, кој во саботата исчезна во водите на Охридското Езеро.

Димче Богданоски критичниот ден околу 14 часот отишол на плажа кај Канео. Последен пат бил забележан како се капи  на околу 150 метри од брегот по што му се губи трагата.

Откако и по 7 часа не се појавил неговото семејство го пријавила случајот во Езерската полиција.

Дел од неговата облека  и мобилниот телефон на исчезнатиот се пронајдени на брегот кај Канео. Неофицијално полицијата се сомнева дека исчезнатиот се удавил во водите на Охридското Езеро.