Во рамките на предновогодишната програма, што се одржува на градскиот плоштад Свети Климент Охридски секој ден од 12 до 14 часот, денеска настапија учениците од ОУ „Братство-Единство“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Покрај програмата, учениците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ имаа отворено и посебен штанд на кој бесплатно делеа пецива и колачи кои сами ги подготвиле.
Вчера, со културно-уметничка програма настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, а утре ќе настапат учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“.
Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници.
OhridNews