Од денеска до 25 декември СВР Охрид ќе го спроведе  третиот дел од проектот “Дрога- вистина и заблуди”. Целни групи во оваа фаза се учениците од прва до четврта година во средните училишта во општина Охрид како и учениците во основните училишта и нивните родители во општина Дебрца.

Оваа фаза  од едукативниот проект, ќе биде реализирана со околу 3 000 ученици на кои низ интерактивен пристап и низ ”power point” презентација ќе им бидат презентирани негативните ефекти од злоупотребата на дрогата. Учениците и нивните наставници, ќе имаат можност да видат дел од колекцијата на разновидни дроги, пронајдени и одземени од полициските службе- ници  од Оделението за борба против дрога при СВР Охрид.

Проектот ” Дрога-вистина и заблуди” што се реализира во соработка со Црвениот крст, значи обид повеќе за превентивно укажување на опасностите од дрогата и воопшто од болестите на зависност, се вели во соопштението од СВР.

Во текот на идната година проектот ќе се реализира и во средните и основните училишта каде што делува Секторот за внатрешни работи Охрид.

извор:СВР Охрид