Од министерството за образование и наука информираат дека продолжува Проектот за реконструкција на средни и основни училишта, што се реализира со средства од државниот буџет и со заем од Банката за развој при Советот на Европа. За целосно реновирање на десет основни училишта одобрен е грант од 2 милиони евра и 1 милион евра за реновирање на шест средни училишта.

Проектот опфаќа обнова на покривите на училишните згради, прозорците, санитарните јазли и подовите и инсталаците за греење.

По спроведување на јавните набавки и потпишување на договорите, се очекува да се изврши предвидената реконструкција врз 136 училишта од 51 општина во Македонија.

OhridNews