РТВ на Република Српска на 1 мај во централниот дневник емитувала четириминутен прилог за охридската Гутенбергова работилница, а следниот ден во истиот термин прикажан бил прилог за Билјанини извори.
РТВ Војводина на 9-ти мај во емисијата „Меѓупростор“ емитувала 25-минутна репортажа за Охрид. На 15-ти мај РТС – Радио Белград ја посветил едночасовната емисија „Тур-оператор“ на Охрид, а во наредните месеци во рамки на истата емисија ќе бидат емитувани кратки прилози за туристичката понуда на Охрид.
Сторија за Охрид на 4 колор страници во мај објави списанието за жени „Она“, а белградската телевизија Ентер емитуваше прилог за најголемиот македонски туристички центар.
Сторија за Охрид е поместена и на официјалниот веб сајт на туристичките новинари на Србија, а специјална емисија за Охрид во вереметраење од 45 минути емитувала и Тв „Ф“ од Зајечар. Истата телевизија прикажала и повеќе кратки прилози за Охрид.