Менаџерката на Михаел Шумахер, Забине Кем, изјавила дека процесот на будење од кома, на седумкратниот Михаел Шумахер, не е прекинат.
Кем, во понеделникот, им се обрати на новинарите, откако одделни медиуми објавија дека лекарите во Универзитетската болница во Гренобл, поради компликации се прекинале со процесот на будење. „Процесот на будење може да потрае, тоа за жал може да покрене многу шпекулации“, рекла Кем.
Шумахер е во кома од 29.декември минатата година кога на скијање се здоби со тешки повреди на главата. Лекарите во болницата во Гренобл започнаа со процесот на будење кон крајот на јануари.
Семејството на Шумахер, неколку пати, истакна дека ќе ја известуваат јавноста за сите значајни промени кога станува збор за неговата здравствена состојба и дека сите информации кои не доаѓаат од нив можат да се сметаат за шпекулации.
„Макфакс“