Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, при активности за откривање и спречување незаконит риболов, во месноста „Св. Стефан“, на околу 1000 метри од брегот, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми.

Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. – стои во соопштението на СВР Охрид.

Езерската полиција полицијатаво езерските води пронајде 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри. Овие инциденти се случуваат во период на мрест на пастрмката, со што се нанесува ненадоместлива штета на рибниот фонд на овој загрозен ендемски вид риба.

OhridNews